Аларм

„Аларм“.

Оваа емисија обработува општествено ангажирани и lifestyle теми, со акцент на социјално-општествените теми кои бараат итна реакција од надлежните државни органи, невладините организации и граѓаните.

Поголемиот дел од темите кои ќе се обработуваат во емисијата ќе бидат од сферата на родовите прашања и местото на жената во македонското општество, но ќе се обработуваат и теми кои не се директно поврзани со ова прашање, како на пример семејство, морал, етика, естетика, култура, уметност, стил, здравје...

Автор и водител на емисијата ќе биде Синоличка Трпкова, најголемата македонска актерска ѕвезда на поранешните југословенски простори, која по подолга пауза се враќа на македонските медиуми.

Во оваа емисија ќе се обидеме да отвориме теми за кои досега не се дискутирало или пак недоволно се дискутирало во јавноста.

Целта е да ги промениме нашите навики, да се оттргнеме од предрасудите, да се се слушнеме еден со друг. Да научиме да ги детектираме проблемите и да се справиме со нив. Да станеме посреќни и поуспешни луѓе.

Да создадеме среќно, здраво и толерантно општество

„Аларм“ е дебатна емисија во траење од 90 минути и се емитува премиерно секој понеделник, со почеток во 20:20. Репризата се емитува следниот ден во 16:30 и во сабота во 13:30 и во недела во 19.00 часот.

 live streaming
 a
 nazulu