Македонски спортски легенди
 

Во серијалот посветен на македонските спортски легенди во емисијата в сабота ќе Ви ја претставиме најсестраната македонска спортистка во годините по Втората светска војна.Имено,ќе стане збор за Љубица Алексиева,која целиот свој живот му го посвети на спортот.Откако заврши со активното играње ракомет,кошарка,потоа атлетика,гимнастика,скијање...како наставник по физичко воспитување - таа во спортот насочи една плејада млади момчиња и девојки,кои подоцна станаа звезди на македонскиот спорт.Еден од нив беше и кошаркарот Благоја Георгиевски-Буштур.


Македонски Спортски Легенди е телевизиски проект, кој се емитува на програмата на Наша ТВ, преку кој македонската ТВ публика ќе се потсети или пак за прв пат ќе се запознае со великаните на македонскиот спорт и нивните достигнувања.

Проектот е серијал од 100 епизоди, секоја во времетраење од 45 минути.

Автор и водител на емисијата е легендата на македонското спортско новинарство, хроничарот и сведокот на најголемите успеси на македонскиот спорт, господинот Зоран Михајлов.

Емисијата се емитува секоја сабота во 18.00 часот, со реприза на истата во понеделник во 21.30 часот.

 live streaming
 a
 nazulu