ФИЛМ
 
ВЕСТИ

Скопје: Дебата за интегрирање на националните малцинства
Дводневна конференција за интеграција на националните малцинства во Европа ќе започне денеска во Скопје во организација на  Македонското претседателство со Советот на Европа.
Конференцијата насловена како: “Јакнење на кохезијата на европските општества: интегрирање на националните малцинства во процесите на одлучување“, ќе ја отвори шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во својство на претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа. /макфакс/

Скопје: Промоција на Извештајот за Индексот на инвестициони реформи (ИРИ) 2010
Официјалната промоција на Извештајот за Индексот на инвестициони реформи (ИРИ) 2010 ќе се одржи денеска во Скопје.
Индексот на инвестициони реформи (ИРИ) 2010 е резултат на едногодишни заеднички заложби на ОЕЦД и тимот на Повелбата за инвестиции (Investment Compact), владите на сите економии од југоисточна Европа (ЈИЕ), претставници на бизнис секторот и независни експерти од регионот.
Тој покрива осум димензии на јавната политика кои ја обликуваат климата за инвестиции во десетте економии ја ЈИЕ и ја одразуваат експертизата на ОЕЦД во повеќе дисциплини. /макфакс/

Охрид: Лидерска конференција за ИКТ во образованието
Првата лидерска конференција за ИКТ (Информатички и комуникациски технологии) во образованието 2010 ќе се одржи во наредните три дена во Охрид.
Учество на конференцијата пријавија значајни носители на одлуки од целиот свет, асоцијации, личности кои имаат значајно искуство во имплементацијата на информатичко-комуникациската технологија во сите аспекти на општеството. /макфакс/

Скопје: Министерството за култура организира Инфоден
Културно – контактната точка при Министерството за култура денеска ќе одржи Инфоден посветен на програмите на Заедницата: „Култура 2007-2013“ и „Европа за граѓаните“.
Настанот ќе се реализира во соработка со  Аугусто Парамио, раководител на Културно-контактната точка за Програмата Култура на ЕУ и воедно раководител на Национално-контактната точка за програмата „Европа“ за граѓаните на Кралството Шпанија. /макфакс/

Скопје: Симонида Филипова  - Китановска во галеријата ,,Око,,
Ликовната изложба на Симонида Филипова – Китановска  ќе биде отворена денеска во скопје во галеријата ОКО на улица Македонија.
Китановска  пред  домашната јавност ќе се претстави со 45 дела од творечкиот циклус наречен ,,Маскирани очи,, изработени во акрилик на платно. /макфакс/

Белград: Дачиќ во Јужноамериканска турнеја
Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ од денеска ќе престојува во неколкудневна посета на државите на Јужна Америка.
Предвидено е Дачиќ да ги посети Бразил, Аргентина и Уругвај, каде што треба да потпише меморандум за директна соработка и размена на оперативи информации во борба против организираниот криминал и трговијата со дрога. /макфакс/

Кабул: Министерот за внатрешни работи на Авганистан даде оставка
Авганистанскиот претседател Хамид Карзал соопшти дека ги прифатил оставките на министерот за внатрешни работи, Ханиф Атмар и шефот на разузнавачките служби, Амруле Салеха.
Причина за оставките било тоа што „нивното објаснување за нападот на талибанците во средата на учесниците на националната мировна конференција во Кабул не е задоволувачко.“ /макфакс/

Дубаи: Зграда во Дубаи го урна рекордот на кризата кула во Пиза
Еден облакодер во Дубаи влезе во Гинисовата книга на рекорди као најискривена зграда во светот, превземајќи го место од легендарната крива кула во Пиза.
Зградата „Капитал гејт“, која е дел од изложбениот комплекс во Дубаи, висока е 160 метри и има 35 катови. /макфакс/

Лондон: Бекам е најголемата ѕвезда која го пропушта СП
Еден од најпопуларните англиски фудбалери, Дејвид Бекам дефинитивно е најголемата ѕвезда, која што ќе изостане од претстојното Светско првенство во фудбал.
Бекам пропушти ретка можност, да стане третиот фудбалер во историјата, по Бразилецот Пеле и Германецот Зелер, кому му успеало на четири првенства да постигне гол. /макфакс/

Времето ќе се стабилизира
Метеоролозите за денеска во Македонија најавуваат стабилизирање на времето со пораст на температурата на воздухот.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 14 степени, а дневните од 23 до 30.
Во Скопје и околината ќе преовладува претежно сончево време со температура до 28 степени.крај//ап

Состојба на патишта         
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата во утринските часови се одвива тековно без забрани по воглавно суви и чисти коловози.
На возачите им препорачуваме внимателно возење, прилагодување на брзината на движење наместа влажните коловози и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Особена внимателност низ клисурите и планинските превои, каде можна е појавата на поситни одрони.Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања./макфакс/





Охрид:Втор ден на од Форумот за финансирање на здравственото осигурување
На вториот ден од IV Регионален форум за финансирање на јавното здравствено осигурувањe, што се одржува во Охрид, акцентот ќе биде ставен на дискусиите во сферата на реформите во здравствениот систем, вклучувајќи ги и реформите во финансирањето на лековите од позитивната листа.
Република Македонија за првпат ја има честа да се јави во улога на домаќин на еден ваков настан од областа на здравственото осигурување.

Скопје:Том Хопкинс на конференција за продажба, преговарање и нетворкинг
Том Хопкинс – човекот кој го доби епитетот „Креатор  на продажни шампиони“,со над 30 години врвни резултати во директната продажба и успешно обучил над 3 милиони продажни професионалци од 5 континенти ќе се одржи прес-конференција Дом на АРМ.
Прес-конференцијата е дел од целодневната Конференција за Продажба, Преговарање и Networking и ќе се одржи во Концертната сала на Дом на АРМ.

Скопје:Меѓународен ден на децата
Фондацијата Нетворк мисија – Македонија во соработка со Фондацијата Марита, Детскиот парламент на Македонија – Велес и организацијата Филео од Шуто Оризари организираат манифестацијата НОВ ПОЧЕТОК за промоција на детската креативност и упатување на пораки до децата и младите за здрав и позитивен имиџ.
Манифестацијата ќе се одржи во Музејот на Македонија (во Старата Скопска чаршија) во вторник.

Скопје:Хепенинг  “Ден на згрижувачите на деца без родители“
По повод Денот на згрижувачи на деца без родители и родителска грижа на Република Македонија и промоцијата на згрижувачките семејства, денеска пред платото на Спомен куќата на Мајка Тереза, ќе се одржи хепенинг.
Хепенингот е  во организација на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, Одделение за старателство и во соработка со Црвениот Крст на град Скопје, а поддржан од Министерство за труд и социјална политика.

Скопје:Прес конференција: Можеме ли во НАТО и ЕУ без компромис
Иницијаторите на движењето „Граѓани за Eвропска Македонија“ (ГЕМ), Владимир Милчин, Бранко Героски, Никола Гелевски, Роберто Беличанец, Мерсел Биљали и Жарко Трајаноски ќе одржат прес-конференција.
Повод за средба со новинарите е темата/прашањето „Можеме ли во НАТО и ЕУ без компромис“.

Скопје:Државниот завод за статистика одбележува 65 години од основањето
Државниот завод за статистика со свечена академија денеска ќе одбележи 65 години од постоењето.
Како што соопштуваат од ДЗС, на свечената академија ќе бидат претставени најновите достигнувања на оваа институција.

Скопје:Струмица:Форум - “Правдата на 21 век“
Здружението Праведност, вечерва во Домот на културата “Антон Попов“ – Струмица, ќе се одржи отворен форум на тема “Правдата во 21 век“.
На Форумот ќе се разговара за потребата од правда и правичност и во 21 век, за тоа дали се уште постои потреба од праведно општество, кои се постулатите за едно такво општество, како да дојдеме до тој посакуван за сите модел и дали Македонија чекори во таа насока.

Скопје:Предавање за остеопороза во Кисела Вода
Во Општина Кисела Вода, денеска ќе се одржи едукативно предавање за остеопорозата. Ова е прво предавање од низата, кои Општина Кисела Вода, во соработка со кабинетот за Остеопороза во состав на ПЗУ ПРИМА МЕДИКА и со Новартис Македонија, планира да ги реализира во наредниот период.
Предавањето на тема: “Стоп за остеопорозата – остеопороза, дијагноза и современ тераписки пристап” , ќе го одржат реномираните експерти од оваа област, д-р Нада Настеска и д-р Маја Панајотовиќ Радевска, кои во изминатиот период земаа активно учество на сите Европски конгреси за остеопороза.

Дрвар:Се враќа српското население во Дрвар
Од сите градови во Босна и Херцеговина, во градот Дрвар се вратиле најмногу Срби, иако тешката економска криза претставувала потешкотија за нивниот повраток, пишуваат медиумите.
Пред војната во Дрвар живееле 17.600 Срби, а од нив се имаат вратено само 8.000.
Од некогашниот развиен индустриски град, во Дрвар сега работи само една поголема пилана, неколку локални продавници и кафулиња.

Белград:Српскиот претседател во тридневна посета на Грција
Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска ја започнува тридневната посета на Грција, во чии рамки ќе се сретне со високи функционери, како и со стопанственици на бизнис форум на двете земји.
Тадиќ, како што е најавено, денеска во Атина ќе има средба со грчкиот претседател Каролос Папуљас, како и со претседателот на парламентот Филипос Пецалникос.

Париз:Зајакнува економијата на земјите членки на ОЕЦД
Економијата на земјите членки на Организацијата за економска соработка (ОЕЦД), во првото тримесечие од годинава се зголемила за 2,5 отсто, во однос на истиот период од минатата година. Со ова се прекина падот на активноста во петте претходни тримесечија за истиот период.
Според последните три месеци БДП на вкупно 31 земја на ОЕЦД се зголемил за 0,7 отсто, а на годишно ниво од седумте најголеми економии негативна стапка на пораст е забележана само кај британската економија.

Каиро:Итен состанок на Арапската лига поради израелскиот напад
Генералниот секретар на Арапската лига, Амр Муса ги повика земјите членки на итен состанок во Каиро на кој ќе биде дефиниран заедничкиот арапски одговор на израелскиот напад врз конвој со хуманитарна помош наменета за Појасот Газа.
Најмалку 19 лица вчера рано наутро загинаа при напад на израелската морнарица врз хуманитарниот конвој составен од шест бродови, натоварени со околу 10.000 тони помош.

Јоханезбург:Јужна Африка не стравува од терористички напад
Властите во Јужна Африка ги отфрлија сите шпекулации дека на земјата и се закануваат терористички напади за време на одржувањето на Светското првенство во фудбал.
Министерот за внатрешни работи, Нати Мтетва соопшти дека полицајци од Јужна Африка биле во Ирак, каде што учествувале во испитувањето на двајца припадници на Ал-Каеда, кои тврделе дека планираат напади врз репрезентациите на Данска и Холандија.

Пекинг:Тајната на Кинескиот ѕид
Лепливиот ориз кој работниците за време на династијата Минг го употребувале како малтер е големата тајна на издржливоста на Кинескиот ѕид откриваат кинеските научници.
„Големиот кинески ѕид е изграден пред 600 години, а за изградбата се користела мешавина на паста од леплив ориз и вар“, откри Жанг Бингјиан, професор по хемија на Универзитетот Хангжу. Лепливиот малтер од ориз толку силно ги поврзал циглите, што на некои места се уште нема траги од оштетување.

Загреб:Хрватска ги доби првите дипломирани овчари
Лика е прва во Хрватска која ги доби дипломираните овчари кој го завршија првиот семинар од овој тип, а кој го организираше локалната самоуправа во соработка со UNDP.
Семинарот успешно го завршија 22 овчари, професионалци кои наголемо се занимаваат со овчарството на сопствените имоти, пишуваат хрватските медиуми.

Скопје:Променливо облачно со дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно, а во претпладневните часови проследено и со врнежи од дожд.
Попладне ќе има појава на нестабилна облачност со дожд и со појава на грмежи, а ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде помеѓу 13 и 19 , а дневната помеѓу 20 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо со дожд, а температурата ќе се искачи до 23 степени Целзиусови

Скопје:Ѓорге Иванов една година на претседателската функција
Денеска се навршува една година откако Ѓорге Иванов стапи на функцијата Претседател на Република Македонија.
По тој повод, Иванов ќе се сретне со граѓани кои се пријавиле на претходно распишан оглас./макфакс/

Скопје:Јакнење на статистиката во правдата и внатрешните работи на Балканот
Првата Регионална работилница за јакнење на статистиката во областа на правдата и внатрешни работи во Западен Балкан, почнува денеска во хотелот “Холидеј Ин“. Дводневната работилница е под покровителство на Министерството за правда на Република Македонија  и  во соработка   со  Европската Унија .
Целта на работилницата е презентирање на техничките извештаи од мисијата за процена на состојбата во областа на криминалната статистика. /макфакс/

Скопје:Транспарентност Македонија:Извештај за борбата против корупцијата
Транспарентност – Македонија ќе одржи прес-конференција  на која ќе биде презентиран Извештајот за борбата против корупцијата и зголемувањето на транспарентноста во работата на државните органи, општествените и политичките институции во Македонија за месец април 2010 година. /макфакс/

Скопје:Фондацијата за трансплантација ќе добие 3.000 евра од ГФК
Компанијата за истражување на пазарот (ГФК), денеска официјално ќе им предаде чек од 3.000 евра на организаторите на хуманитарната акција “Можеш ако сакаш“ .
На средбата ќе биде презентиран и досегашниот тек и идните активности на хуманитарната акција “Можеш ако сакаш“, што е организирана од амбасадорката на Кралството Холандија, Симоне Филипини и претседателот на Националната Фондација за трансплантација, Владимир Чадиковски. /макфакс/

Скопје:Работилница за штетното влијание на климатските промени      
Подигање на свеста и консултации за намалување на штетното влијание од климатските промени врз земјоделството во Македонија.
Ова е темата на денешната работилница што ќе се одржи во хотелот Александар Палас.   На работилницата, која што е во организација на Светската банка ќе учествува и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. /макфакс/

Скопје:Фармерите од регион за јакнење на трговските релации
Конференција на тема “ Економското организирање на фармерите –перспектива за развој на земјоделството во регионот“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на  Федерацијата на фармерите во Македонија
Целта на Конференцијата е да се покрене прашањето за трговските релации со земјите од регионот, за кои во последен период се тежнее кон нивно поголемо зајакнување. /макфакс/

Скопје:Средба на македонскиот и албанскиот министер за земјоделство
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска ќе оствари билатерална средба со Генц Рули, Министер за земјоделство, храна и заштита на потрошувачи на Република Албанија.
Целта на оваа средба е да се сподели искуството за одредени прашања, коишто го засегаат земјоделскиот сектор  како и потребните мерки коишто треба да се превземат. /макфакс/

Скопје:Тркалезната маса за Предлог Законот за управување со батерии и акумулатори
Министерот за животна средина и просторно планирање  Неџати Јакупи денеска  ќе присуствува на тркалезната маса за Предлог Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори која ќе се одржи во  хотелот „Континентал“. Изработката на Законот и организацијата на тркалезната маса се поддржани од страна на Меѓународната финансиска корпорација – IFC, во рамките на Проектот за интегрирано управување со цврст отпад во Р. Македонија. /макфакс/

Скопје:Окончувањето на првата фаза од Проектот за поддршка за развој на полицијата
Завршна церемонија по повод окончувањето на првата фаза од Проектот за поддршка на развојот на полицијата ќе се одржи денеска во скопскиот хотел Александар Палас.
Инаку проектот е поддржан од ЕУ и СИВИПОЛ. Воедно ќе биде означен почетокот на втората и последна фаза од овој проект што ќе се реализира во наредните дванаесет месеци. /макфакс/

Кавадарци:Спаска Митрова повторно на суд
Денеска во Основниот суд во Кавадарци треба да започне нов судски процес против бугарската државјанка Спаска Митрова, по обвинението од страна на судскиот состав што минатата година ја осуди на три месеци затвор.
Митрова ќе одговара пред кавадаречкиот суд поради тоа што судиите што ја осудија на три-месечна затворска казна поради непочитување на судска одлука ги нарекла „удбаши“, соопштуваат од организацијата „ВМРО“ од Бугарија. /макфакс/

Белград:Брамерц во посета на Белград
Главниот обвинител на Хашкиот Трибунал, Серж Брамерц, денеска ќе допатува во дводневна посета на Белград.
Посетата е во рамките на подготовките за поднесување на редовниот извештај на Советот за безбедност на Обединетите нации, кон средината на јуни. /макфакс/

Белград:ММФ од денеска во Белград
Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд од денеска  ќе престојува во Белград по повод четвртата ревизија на стенд-бај аранжманот на Србија со оваа институција.
Мисијата на ММФ, што ќе ја предводи Алберт Јегер, се очекува да остане во Србија до 26 мај. /макфакс/

Букурешт:Романија ќе затвори 150 болници
Романската влада ќе затвори 150 болници до крајот на годината како дел од  политиката за контрола на дефицитот, наметната од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Романија треба да го намали својот дефицит под 6,8 отсто до крајот на годината. Локалните медиуми јавуваат дека мерката за затворање на медицински установи била понудена на владата на ММФ. /макфакс/

Загреб:Наскоро акции на заем во Хрватска
Сопствениците на хартии од вредност во Хрватска, наскоро ќе можат да заработуваат и со нивно изнајмување.
Хартиите од вредност и до сега во Хрватска можеше да се позајмуваат, врз основа на брокерски договори, но сега тие трансакции ќе бидат извршувани со осигурување и ќе се регистрираат кај Централниот депозитар./макфакс/

Сиднеј:Земјата ќе стане прежешка за луѓе во 2300 година
Земјата, заради климатските промени за само три века во голем дел може да стане прежешка за човештвото.
Ова се наведува во истражувањето на научниците од австралискиот универзитет Нов Јужен Велс и нивните колеги од американскиот универзитет Пјурдју. /макфакс/

Вашингтон:Ултразвук-нова машка контрацепција
Експерти од Северна Каролина врз основа на претходни истражувања веруваат дека ултразвукот може да го прекине производството на сперма на шест месеци.
Научниците очекуваат на крајот на истражувањето да имаат нов облик на контролата на раѓање, кој ќе можат да го користат сите луѓе ширум светот./макфакс/

Кан:Започнува Канскиот фестивал
Шеесет и третото издание на Канскиот филмски фестивал започнува денеска со филмот „Робин Худ“ на британскиот режисер Ридли Скот.
Претседател на жирито на годинешниот Кански филмски фестивал ќе биде режисерот Тим Бартон. /макфакс/

Гостивар:„Вртелешка“ со изведба во Гостивар
Театарската претстава „Вртелешка“ по текст на Артур Шницлер, а во режија на Владимир Милчин ќе биде изведена денеска во Центарот за култура “АСНОМ” во Гостивар.
Претставата е прв проект на алтернативниот и независен Општествено политички неподобен театар (ОПН-театар). „Вртелешка“ е дипломска претстава на членови на ОПН, а сега веќе дипломирани студенти во класата на Владимир Милчин. /макфакс/

Скопје:Сончево со умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне, особено во источните делови, е можна локална појава на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 22 до 29 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, со температура од 13 до 27 степени Целзиусови. /макфакс/






Скопје : Николај Младенов во дводневна посета на Македонија
Шефот на бугарската дипломатија, Николај Младенов, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Планирано е Младенов да се сретне со својот македонски колега, министерот Антонио Милошоски, а ќе биде примен и од претседателот на Собранието. Трајко Вељановски.
Како што соопштуваат од македонското Министерство за надворешни работи, во фокусот на разговорите меѓу двајцата министри ќе се најдат прашања кои се важни за билатералните односи, особено можностите за продлабочување на економската соработка и напредокот во процесот на европското и евроатлантското интегрирање на Македонија. /макфакс/

Скопје : Претседателот Иванов на Евроазиски економски самит во Истанбул
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов денеска и утре во Истанбул, ќе учествува на 13. Евроазиски економски Самит во организација на фондацијата Мармара.
Иванов, ќе го придружуваат вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот без ресор Хади Незир и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо.
На првиот ден од Самитот, како што е соопштено, ќе биде дадена оценка на енергетските стратегии и очекувањата во светот за и по 2010 година, за гасоводот Набуко и неговото влијание врз Кавкаскиот регион, Блискиот Исток и Централна Азија. /макфакс/

Скопје : Промоција на “Правна клиника за слободен пристап до информации“
На Правниот факултет, денеска ќе биде промовирана “Правната клиника за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
На трибината ќе говорат Драган Гоцевски, асистент на Правниот факултет, Лазар Поп Иванов, координатор на студентската програма на Младински образовен форум и Сања Божовиќ, координатор на Правната клиника. /макфакс/

Брисел: Воена делегација на Конференција на Воениот комитет на НАТО
Воена делегација на АРМ предводена од Началникот на ФШ на АРМ,  генерал-потполковник Мирослав Стојановски ќе учествува на Конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на генералштабови на земјите контрибутори во мисиите ИСАФ и КФОР, што денеска и утре ќе се одржува во Брисел. /макфакс/

Скопје: Катастарот ќе информира за имплементирање на проектот е-Документи
Спроведување на проектот е-Документи ќе биде тема на денешната средба на министерот за информатичко општество Иво Ивановски и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Љупчо Георгиевски.
На средбата ќе се разгледува досегашната спроведена анализа во рамки на проектот, односно документите и податоците кои Агенцијата за катастар на недвижности ги разменува со другите државни институции во процесот на давање на услуги кон граѓаните. /макфакс/

Скопје : Чешката амбасада ќе ја претстави македонската бохемистка Донка Роус
Чешката амбасада во Скопје денеска ќе одржи прес-конференција на која ќе ја претстави македонската бохемистка, проф. Д-р. Донка Роус од Филолошкиот факултет во Скопје.
Роус на 30-ти април во Прага беше одликувана со наградата на министерот за надворешни работи за ширење на доброто име на Чешка во странство. /макфакс/

Тетово: Јанакиески во посета на Тетово
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска ќе го посети Тетово.
Во рамките на посетата на општината, Министерот Јанакиески ќе одржи работна средба со градоначалникот на општина Тетово, Сади Беџети во просториите на општината./крај/со/ит

Скопје: Дискусија на тема “Може ли да банкротира државата“
Фондацијата Институт отворено општество, денеска организира дискусија на тема “Може ли да банкротира државата“.
Учесниците на дискусијата ќе се фокусираат на анализата на макроекономската политика во Македонија, но и ќе понудат стратегија и можни решенија за излегување од финансиската криза и побрзо заздравување на економијата. /макфакс/

Скопје: Бајрами на семинар за стратегии за вработување
Денеска во хотелот ,,Арка, министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, ќе го отвори семинарот за ,,Стратегии за вработување: специјален фокус на евалуацијата на активните политики на пазарот на трудот и IPA проекти во однос на активните политики на пазарот на трудот,,.
Свое излагање ќе има и Emmanuelle Guiheneuf, член на делегацијата на мисијата на ЕУ. /макфакс/

Приштина: Фицџералд во посета на КФОР на Косово
Командантот на здружените сили на НАТО во Неапол, американскиот адмирал Марк Фицџералд, денеска ќе го посети главниот штаб на КФОР на Косово.
Според КФОР се работи за редовна посета на Фицџералд, кој како командант на НАТО силите во Неапол, има оперативна надлежност над мисиите на Алијансата на Балканот, Ирак и Медитеранот. /макфакс/

Анкона: Состанок на Јадранско-јонската иницијатива
Шефовите на дипломатиите на осумте земји членки на јадранско-јонскиот регион денеска во Анкона ќе го одржат 12-тиот Совет на Јадранско-јонската иницијатива.
На состанокот како што е соопштено ќе учествуваат министрите за надворешни работи на Италија, Србија, Албанија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Словенија, како и заменик министерот за надворешни работи на Грција. /макфакс/

Загреб : Икеа во Загреб во 2012. година
Стоковната куќа Икеа во Загреб ќе биде отворена во лето или есен 2012. година.
Според директорот на Интер Икеа Центарот Хрватска, Бранко Михајлов, ваквиот интегриран модел за првпат се гради во Загреб. /макфакс/

Техеран: Воена вежба на морнарицата на Иран
Иранската морнарица денеска започнува осумдневни воени вежби во Персискиот залив.
Според командантот на иранската морнарица, цел на вежбата е проверка на одбранбените способностите на армијата на Исламската република. /макфакс/

Токио: Коцкастите лубеници го освојуваат пазарот во Америка
Обидот на јапонскиот фармер од островот Шикокуа, кој пред 20 години почна да одгледува лубеници во форма на коцка, вроди со плод.
Освен што стана познат во светот, неговите необични лубеници го најдоа патот до пазарот во странство. /макфакс/

Скопје :Македонските кајакари на подготовки во Словенија
Македонските кајакари Атанас Николовски и Огнен Бражански од денеска до 16-ти мај ќе заминат на подготовки во Словенија.
Кајакарите на диви води ќе учествуваат на две трки во организација на кајакарскиот сојуз на Словенија. Првата трка треба да се одржи од 8-ми до 9-ти мај и ќе биде од национален карактер а втората на 15-ти и 16-ти мај. /макфакс/

Скопје: Претседателот на Европска атлетска федерација во посета на Скопје и Охрид
Претседателот на Европската атлетска федерација на Македонија Хајнцорг Вирц кој е во дводневна посета на Македонија денеска ќе го посети стадионот Билјаниниу извори во Охрид а подоцна ќе има средба директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов. /макфакс/

Скопје: Сончево време со умерена облачност
Времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, јавуваат метеоролозите.
Попладне променливо облачно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Температурата ќе се движи од 19 до 28 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 28 степени. /макфакс/

Висока израелска делегација во посета на Македонија
Скопје, 03.05.2010 (макфакс) - Заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Израел Авигдор Либерман, придружуван од делегација од Министерството за надворешни работи на Државата Израел и група израелски бизнисмени од 3 до 5 мај годинава, ќе престојува во прва официјална посета на Република Македонија.
Во рамки на дводневниот престој, покрај средбата со својот домаќин, министерот зa надворешни работи на Република Македонија, Антонио Милошоски, предвидено е Либерман да биде примен и од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, како и од потпретседателот на Владата на Република Македонија, Владимир Пешевски.

Смена на командата во Штабот на НАТО во Скопје
Скопје, 03.05.2010 (макфакс) - Церемонија за смена на командата во Штабот на НАТО во Скопје ќе се одржи попладнево во Домот на АРМ во Скопје.
Досегашниот Командант на Штабот на НАТО во Скопје и Висок воен претставник, Комодорот Валентин Гагашев од бугарската морнарица, ќе му ги предаде двете функции на својот наследник, Бригадниот генерал Давид Хумар, од Словенечката армија.

Фуере и Димовски во посета на Табановце
Скопје, 03.05.2010 (макфакс) - Евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере и министерот за земјоделство Љупчо Димовски денеска ќе го посетат градилиштето на Ветеринарната и фитосанитарна гранична инспекциска точка на преминот Табановце-проект финансиран од ЕУ.
Ветеринарната и фитосанитарна гранична инспекција, која треба да биде завршена до крајот на јули годинава ќе ги задоволува европските стандарди и барања. Вредноста на инвестицијата е 1,35 милиони евра.

Министерот Џафери на конференција во Швајцарија
Скопје, 03.05.2010 (макфакс) - Министерот за локална самоуправа, Муса Џафери денеска и утре, во Швајцарија,  ќе учествува на Конференција на тема ‘’Демократија и децентрализација’’.
На Конференцијата, министерот Џафери ќе се обрати со излагање на тема ‘’Децентрализацијата во мултиетничките општества‘’.

Од денеска забранет риболов во Дебарско Езеро
Дебар 03.05.2010 Концесионерите на Дебарско Езеро, еколошкото друштво „Дешат“ и спортското риболовно здружение „Трофта“  донесоа одлука oод денеска да се воведе целосна забрана за риболов во езерото.
Оваа забрана се воведува поради периодот на мрестење на рибите, а според претставникот на концесионерите, Атли Дема ќе трае 30 дена, односно до 4 јуни.

Словенија ќе распише референдум за договорот со Хрватска
Љубљана, 03.05.2010 (макфакс) - Словенечкиот парламент денеска се очекува да усвои одлука за распишување на референдум за арбитражниот договор за границата со Хрватска.
Референдумот најверојатно ќе биде закажан за 6 јуни, а подготовките ќе почнат да течат ден по објавувањето на одлуката во Службен весник, односно на петти мај.

Одбележување на годишнината на страдањата на војниците на ЈНА
Сараево 03.01.2010 (Макфакс) – Во Сараево денеска на Добровољачката улица  ќе биде одбележана годишнината од страдањата на припадниците на ЈНА, кои загинаа на овој ден.
Организаторите на манифестацијата од Република Српска најавија дека 300 од нив со полагање на цвеќе и  палење на свеќи ќе го одбележат страдањето на припадниците на ЈНА.

Грција годишно губи 30 милијарди долари од затајување даноци
Атина, 03.05.2010 (макфакс) - Грција, се проценува, дека годишно губи дури 30 милијарди долари од затајување на даноци, се наведува во студија објавена во Њујорк Тајмс.
Според истиот извор токму обезбедувањето на даночна дисциплина би требало да биде клучно за Грција за да може да излезе од финансиските проблеми.

Меѓународен ден на слобода на печатот
Скопје, 03.05.2010 (макфакс) - Меѓународниот ден на слободата на печатот - 3-ти Мај се одбележува денеска во светот.
Новинарите со акцијата „Пет минути громогласна тишина“ го одбележуваат на денот на слободата на печатот. Со прекин на емитувањето на вести од 11.55 до 12.00 часот, новинарите ќе укажат на проблемите со кои што се соочуваат при вршењето на својата работа и на значењето на пристапот до информациите.

Во Бразил повеќе од 1.700 естетски операции на ден
Рио де Жанеиро 03.05.2010 (Макфакс) – Во Бразил, каде култот на телото стана опсесија, минатата година се направени повеќе од 1.700 естетски операции на ден, покажуваат анкетите.
Во оваа земја со 190 милиони жители, лани биле направени повеќе од 640.000 зафати во естетската хирургија.

Македонија и Словенија последни на Евросонг обложувалници
Скопје, 03.05.2010 (Макфакс) - Словенија ќе биде последна, а Македонија претпоследна на 55-тиот Евросонг 2010, судејќи според обложувалниците и проценките.
Песната „Јас ја имам силата“ на Ѓоко Таневски ќе биде претпоследна, а последно место ќе има „Народно забавни рок“ на словенечкиот Ансамбл Жлиндра&Каламари.

Промоција на новиот спот на  Bei The Fish
Скопје 03.02.2010 (Макфакс) - Новиот спот на Bei The Fish за третиот сингл „French Cheese“ од актуелниот албум „Time to Make Things Right“ ќе биде промовиран во понеделник, 3 мај во кафе барот Кино Карпош со почеток во 19.30 часот.
Коктел промоцијата се совпаѓа и со светската премиера на спотот која оди ексклузивно истиот ден на регионалниот музички канал MTV. 

Саша Барон Коен може да добие 30 милиони фунти за нов филм
Вашингтон 03.01.2010 (Макфакс) - Саша Барон Коен е на пат да стане највисоко платен британски актер во Холивуд, откако потпиша договор за нов филм, кој може да му донесе над 30 милиони фунти.
Ѕвездата на "Борат" и "Бруно" ќе добие 12,5 милиони фунти за учеството во филмот "The Goat Herder", како и 20 отсто од приходите од бокс-офисот.

Сончево со мала локална облачност
Скопје, 03.05.2010 (макфакс)  - Времето во Македонија, според метеоролозите денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе се движат од 7 до 13 степени, а максималните од 24 до 31 степен.
Во Скопје температурата ќе се искачи до 28 степени./крај/ухмр/

Скопје :Македонија и Украина, 15 години дипломатски односи
Денеска,  во Домот на АРМ ќе се одржи свечена манифестација по повод одбележувањето на 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Украина и Република Македонија.
На приемот што го организираат Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски и Вонредниот и Ополномоштен Амбасадор на Украина во Македонија Јуриј Гончарук, поканети се претставниците на Владата на РМ, познатите дејци од политичко-општествениот, научниот, културниот и уметничкиот живот, а исто така и претставниците на дипломатскиот кор во Скопје./макфакс/

Охрид: Ставрески на одбележување 11 години од Македонската берза
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за финансии Зоран Ставрески денеска, во рамки на 11 – та Годишна конференција на Македонска берза, ќе оствари билатерална средба со Министерот за финансии на Бугарија, Симеон Џанков./макфакс/.

Париз :Канческа-Милевска на пресконференција по повод „Балканска пролет“
Во просториите на Министерството за култура, денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Жан-Клод Шлумбергер, ќе одржат прес-конференција по повод манифестацијата „Балканска пролет“ во Долна Нормандија на која годинава се презентира македонската култура./макфакс/.

Битола :Иваноски на средба со земјоделците од битолско
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство  и водостопанство Перица Иваноски денеска ќе го посети селото Кравари во битолскиот регион.
Во текот на посетата заменик министерот Иваноски ќе оствари средба со земјоделците со кои ќе разговара за состојбата со есенските посеви и за текот на реализацијата на пролетната сеидба. ./макфакс/

Белград :Конференција за одлуките на Европскиот суд за човекови права
- Министерството за човекови и малцински права на Србија, денеска организира конференција на која ќе биде прикажана анализата на случаите пред Европскиот суд за последнава година, а ќе бидат претставени и најважните пресуди и други одлуки. ./макфакс/

Загреб: Расмусен во Загреб
Генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмусен, денеска ќе престојува во Загреб, каде ќе се сретне со претставници на хрватскиот врв.
Расмусен во Загреб ќе се сретне и со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, премиерот Јадранка Косор и министерот за одбрана Бранко Вукелиќ.
Ова е прва посета на Расмусен на Хрватска, по назначувањето за Генерален секретар на Алијансата. ./макфакс/ 

Скопје :Отворен ден за средби на градоначалникот Трајановски со граѓани
Градот Скопје денеска организира отворен ден за средби на градоначалникот Коце Трајановски со граѓаните. Средбите ќе почнат од 10 часот и ќе траат до 16.30 часот, во Кабинетот на градоначалникот.
За проблемите од надлежност на Градот Скопје со градоначалникот Трајановски ќе имаат можност да разговараат граѓаните коишто однапред се пријавиле во Граѓанскиот информативен центар на Град Скопје или на телефонскиот број 3297 – 255. ./макфакс/

Пекинг :Баросо втор ден во Кина
Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и денеска престојува во Кина, заедно со делегацијата на комесари, како и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон.
Според најавите, Баросо за време на тридневната посета ќе се сретне со кинески претставници на власта, со кои ќе разговара за економската криза, климатските промени и проблемите на меѓународната безбедност. ./макфакс/ 

Волос :Ватерполо: Македонија денеска против Грција
Македонската машка ватерполо репрезентација денеска ќе го одигра првиот квалификационен натпревар против репрезентацијата на Грција за пласман на Европското првенство во Загреб 2010 година.
Натпреварот со Грција е еден од трите натпревари кои Македонија ќе ги одигра во наредните три дена на квалификациониот турнир во Волос Грција. ./макфакс/

Прилеп :„Кавкаскиот круг со креда“ премиерно во Прилеп
Во Прилепскиот театар, при Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска премиерно ќе ја прикаже претставата „Кавкаскиот круг со креда“ работена по текст на Бертолт Брехт, во режија на Мартин Кочовски.
Преводот на текстот е на Благоја Ивчески, драматург на претставата е Владимир Ѓорѓијоски, а дизајнот на плакатот е на Филип Јовановски. ./макфакс/

Кавадарци :Самостојна изложба на Дијана Богдановска
Во рамките на манифестацијата „Кавадарци-Град на културата 2010" денеска во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов-Климе" ќе биде отворена самостојна изложба на уметницата Дијана Богдановска. ./макфакс/

Прилеп :Дејан Иванов – Маргуш со самостојна изложба на слики
Изложбата на слики од Дејан Иванов - Маргуш ќе биде отворена денеска, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Сликарот ќе се претстави со дваесетина дела работени во комбинирана техника, во кои главно се внесени неискористените сликарски материјали и постапки. ./макфакс/

Загреб :Античко богатство пронајдено кај Цавтат
Античко богатство вредно околу пет милиони фунти било пронајдено на грчки брод, потонат во Јадранското море во близината на хрватското летувалиште Цавтат.
Британските истражувачи пронашле амфори и богатство, кое се проценува дека потекнува од вториот век./макфакс/.

Скопје :Гимназијадата ќе се одржи по седми пат
Спортската манифестација „ Гимназијада“ од 6-ти до 8-ми мај по седми пат ќе се одржи во Скопје.
„Гимназијада“ е во организација на Град Скопје, сојузот на училишни спортови и Агенцијата за млади и спорт а ќе се одржи во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје. ./макфакс/

Скопје:Сончево и потопло време
Времето денеска ќе биде сончево и потопло, со слаб ветер од северозападен правец, најавуваат метеоролозите.
Утринската температура ќе се движи од два до осум степени, а дневната од 21 до 27 степени.
Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Скопје:Протест на сметководителите од училиштата
Сметководителите од основните и средните училишта што беа истерани од работа уште во 2004-та година, денеска ќе излезат на протест пред Владата на РМ.
“Незадоволни од постапките на министерот за образование и наука најавуваме активирање на штрајк-протест, кој го ставивме во мирување на 15 овој месец“, се вели во соопштението на сметководителите здружени во фирмата “Биланс-хит“./макфакс/

Скопје:Работилница за медија тренинг на подофицерите на АРМ
Во Регионалниот тренинг центар за комуникации, во касарната “Гоце Делчев“, денеска ќе почне работилницата за медија тренинг на главните подофицери на АРМ. Оваа работилница е наменета за обука на главните подофицери од сите единици на АРМ, како дел од клучниот персонал на Армијата. /макфакс/

Белград:Патријархот Иринеј ќе заседава со Саборот на СПЦ
Редовното заседавање на Саборот на Српската православна црква започнува денеска со литургија во Соборната црква во Белград, а прв со Саборот ќе заседава патријархот Иринеј.
Дневниот ред на Саборот се одредува на почетокот на заседавањето, но се претпоставува дека владиките највеќе ќе се задржат на прашањата во врска со рашко-призренската епархија, одлуката на Синодот на СПЦ за разрешување на владиката Артемиј, состојбата на манастирите на Косово како и односот кон „канонски непризнаената македонска црква“./макфакс/

Брисел:Министрите на ЕУ ќе ја повторат поддршката на Еулекс
Шефовите на дипломатиите на Европската унија, денеска во Луксембург треба повторно да ја нагласат поддршката на мисијата Еулекс за зајакнување на борбата против организираниот криминал и корупција на Косово.
Иако не е предвидена расправа за Западен Балкан, се очекува Советот на министри на ЕУ да ги поздрават напорите да се зголеми присуството и делувањето на Еулекс на северот на Косово. /макфакс/

Косовска Митровица:Ивановиќ:Можни се немири на Косово
Исклучување на српската мобилна телефонија на Косово може да предизвика реакции што не можат да ги контролираат ниту Приштина, ниту Белград.
Ова за агенцијата Фонет вчера го изјави државниот секретар за Косово и Метохија, Оливер Ивановиќ. /макфакс/

Женева:Директорката на СЗО во посета на Северна Кореја
Генералната директорка на Светската здравствена организација (СЗО),, Маргарет Чен, денеска ќе допатува во дводневна посета на  Северна Кореја соопштија од организацијата.
Маргарет Чен во Пјонгјанг ќе посети болници и други здравствени установи. Посетата на Чен е една од ретките посети на официјални лица од интернационални организации кои допатувале во посета на оваа земја. /макфакс/

Мадрид:Матадор изгубил осум литри крв во борба со бик
Еден од најдобрите шпански матадори, Хозе Томас е тешко повреден во Мексико бидејќи бик од 500 килограми го пробил со рог во препоните и го држел во воздух неколку секунди изјави неговиот менаџер за медиумите.
Томас изгубил осум литри крв бидејќи бикот Навагенте во мексиканскиот град Агваскалиентес, му забил рог во препоните во длабочина од 10 сантиметри, оштетувајќи му вена и артерија, рекол менаџерот. /макфакс/

Виена:Гасоводот “Набуко“ се поблиску до реализација
Европскиот проект за гасоводот “Набуко“ е чекор поблиску до реализација откако конзорциумот што е задолжен за неговата изградба покрена постапка за собирање на понуди за добавувач на цевките.
Во соопштението на “Nabucco Gas Pipeline International“, се вели дека службено е покрената постапката за набавка на делови потребни за изградба на 3.300 километри долгиот цевковод. /макфакс/

Атина:„Вима“:Грција исправена пред три сценарија
По молбата на Грција за активирање на механизмот за поддршка на Европската унија(ЕУ) и Меѓународниот монетарен фонд(ММФ), грчката економија се наоѓа пред три сценарија – оптимистичко, лошо и кошмарно.
Според оптимистичкото сценарио за економијата, како што пишува весникот „Вима“, Грција ќе може да добива кредити однадвор, а „Светата Тројца“(ММФ, Европската комисија и Европската централна банка) нема да бараат дополнителни мерки за 2010 година. /макфакс/

Кавадарци:Изложба “МБА“ во Домот на културата
Во градската галерија при Домот на културата “Иван Мазов Климе“, денеска ќе биде отворена изложба на тројца македонски академски сликари.
На изложбата насловена како “МБА“ со своите дела ќе се претстават сликарите Мариета Сидовска, Беди Ибрахим и Ангел Коруновски. Изложбата е во рамките на манифестацијата “Кавадарци- град на културата 2010“./макфакс/

Берлин:Пес спречил пожар
Германскиот овчар Бади од Алјаска спречил пожар откако ги одвел спасителите до местото на пожарот кој и се заканувал на куќата на неговиот сопственик, пренесува BBC.
Песот бил со својот сопственик Бен Хајнрихс во неговата работилница, кога дошло до пожарот. Оганот ја зафатил и облеката на човекот, и додека тој се гасел во снегот, оганот ја зафатил целата работилница. /макфакс/

Манчестер:Карлос Тевез летово ќе го напушти Сити?
Фудбалерот на Манчестер Сити летово би можел да го напушти клубот ако не се пласира во Лигата на шампионите, јави весникот Мејл.
Според весникот Тевез ќе остане во Манчестер Сити под само еден услов ако клубот се пласира на четвртата позиција во Премиер лигата и со тоа изборат пласман за Лигата на шампионите. /макфакс/

Скопје:Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд особено во западните делови. Утринската температура ќе се движи од пет до 11 степени, а дневната од 16 до 22 степени Целзиусови.
Во Скопје и околината слично време со температура од 11 степени до 20 степени Целзиусови./макфакс/

Скопје:Градоначалниците и министерство за одбрана на работен состанок
Во насока на продолжување на активностите на Владата на Република Македонија, за подобрување  и унапредување  на бизнис климата во градежништвото и локалниот економски развој, денеска во Министерството за одбрана (МО) ќе се одржи работен состанок во врска со проектите на Министерството за одбрана  и  Владата на Република Македонија./макфакс/

Скопје:Презентација на резултатите од мерењата на радонот
Институтот за Јавно здравје, денеска ќе се одржи средба со медиумите, на која што ќе ги презентира резултатите од истражувањата на тема “Радон: Резултати од мерењата на радон во домовите во РМ, радиоактивност на градежните материјали, здравствена ризик и препораки“./макфакс/

Скопје:Промоција на порталот е-учебници
Во скопското Основно училиште Гоце Делчев, денеска ќе биде промовиран новиот портал е-учебници.
Со овој интернет портал ќе им се овозможи на учениците, од едно место едноставно да пристапат до учебниците и лесно да ги прелистуваат истите. /макфакс/

Скопје: “Систина“ со нов оддел за Офталмологија
Болницата “Систина“, денеска во просториите на поранешната Специјална болница за гинекологија и акушерство Мала Богородица ќе го отвори одделот за Офталмологија.
Поликлиниката за очни болести ќе биде опремена со врвна технологија за лекување и навремено откривање на очните болести и аномалии, како и со стручен тим од лекари - специјалисти. /макфакс/

Скопје:Трет пензионерски клуб во Општина Карпош
Општина Карпош, денеска ќе го отвори третиот пензионерски клуб на територијата на општината.
Станува збор за реновирани простории во месната заедница Влае, што ќе бидат наменети за собири и дружење на повозрасната популација од овој дел на градот./макфакс/

Хаг:Третиот сведок против Караџиќ пред Трибуналот во Хаг
Пред судот за воени злосторства во Хаг, денеска ќе сведочи третиот сведок на обвинителството.
Според Трибуналот, пред судот ќе се појави заштитениот сведок кој ќе зборува за масовното убиство на муслиманите во Сребреница. /макфакс/

Атина:ММФ во Атина за висината на заемот
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)  денеска ќе испрати специјална екипа во Грција, која се соочува со голема финансиска криза, но само доколку условите го дозволуваат тоа, соопштија од грчката влада.
Средбата меѓу ММФ и претставниците на грчката влада требаше да се одржи во понеделникот, но посетата беше одложена поради облакот вулкански пепел. /макфакс/

Бања Лука:Додик го најави референдумот во РС
Референдумот во Република Српска (РС) ќе се одржи до октомвриските избори, изјави премиерот на РС МИлорад Додик, не наведувајќи како ќе гласи референдумското прашање.
Тој додаде дека референдумското прашање ќе биде во врска со правното насилство што го врши високиот претставник во Босна и Херцеговина и за пренесувањето на надлежностите. /макфакс/

Харков:Средба на претседателите на Русија и на Украина
Претседателите на Русија и на Украина Дмитриј Медведев и Виктор Јанукович денеска ќе се сретнат во украинскиот град Харков.
Медведев и Јанукович, како што е најавено, ќе разговараат за низа прашања, меѓу кои ќе доминираат цената на рускиот природен гас за Украина, како и заедничкото управување со нафтоводот. /макфакс/

Варшава:Денеска датум за претседателски избори во Полска
Вршителот на должноста полски претседател Бронислав Коморовски, денеска ќе го објави датумот за одржување на претседателските избори во Полска.
Објавувањето на датумот за претседателските избори доаѓа по трагичната смрт на полскиот претседател Лех Качински, кој заедно со сопругата и уште 94 високи претставници на Полската управа, загинаа во авионска несреќа на 10 овој месец кај Смоленск во Русија. /макфакс/

Њујорк:Добивката на „Кока-Кола“ во првото тримесечје пораснала за 19 отсто
Американската компанија „Кока-Кола“ соопшти дека во првото тримесечје од оваа година ја зголемила добивката за 19 отсто благодарејќи на растот на странските пазари.
Компанијата во првите три месеци оваа година остварила приход во висина од 1,61 милијарди долари или 69 центи по акција, во споредба со 1,35 милијарди долари и 58 центи по акција во истиот период минатата година. /макфакс/

Рим:Петелот Џанини го смени полот
Научниците го проучуваат петелот, што го сменил полот откако лисица влегла во неговиот кокошарник и ги удавила сите кокошки.
Петелот Џанини откако останал сам почнал да несе јајца и да ги топли. /макфакс/

Скопје:Ноќни разговори за архитектурата и социологијата на градот Скопје
Ноќни разговори за архитектурата и социологијата на градот Скопје ќе започне вечерва во Мала Станица.
Работилницата ноќните разговори на тема архитектура и социологија на градот Скопје се резултат на партнерска соработка помеѓу Техничкиот Универзитет на Виена(TUWien) и Универзитетот Американ Колеџ Скопје, овозможени од страна на Платформата Форум како авторски проект на архитектите Иван Мирковски и Сергеј Никољски од Виена. /макфакс/

Скопје:Стипендии за македонските борачи
Македонските борачи Дејан Богданов и Дејан Митров ќе добијат стипендии за постигнатиот успех на Европското првенство кое се одржа во Баку, Азербејџан.
Дејан Богданов го освои петтото место а Дејан Митров седмото место.
Стипендиите ќе ги додели Агенцијата за млади и спорт.

Скопје:Променливо облачно, но со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди.
Попладнето се можни локални врнежи од дожд и појава на грмежи.
Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 16 до 22 степени Целзиусови. Во Скопје ќе се задржи слично време, со температура до 19 степени. /макфакс/

Скопје:Моратинос во посета на Македонија
Министерот за надворешни работи и соработка на Шпанија, Мигел Анхел Моратинос, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Предвидено е тој да оствари средба со шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, вице-премиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски, а ќе се сретне и со пратеници во Собранието на Македонија./макфакс/

Скопје:Регионална конференција „Балкан, медиуми и култура - Време за промени“
Регионалната конференција „Балкан, медиуми и култура - Време за промени“, ќе се одржи денеска во Скопје како дел од тригодишниот проект „Балканска иницијатива за културна соработка, размена и развој“ - БИЦЦЕД.
Конференцијата ќе биде воведен настан за БИЦЦЕД, кој ќе биде спроведуван од страна на Балканската регионална мрежа за истражувачко новинарство и нејзините партнери, поддржани од Швајцарската културна програма за Западен Балкан (СЦП) /макфакс/

Скопје:Семинар за “Оценување на промената кај децата“
Факултетот за странски јазици од Универзитетот Американ колеџ - Скопје продолжува со истражувачките семинари посветени на споделување на знаењето и академската размена.
Во рамките на овој проект денеска ќе се одржи петтиот истражувачки семинар на кој предавач ќе биде д-р Матија Светина од Катедрата за психологија при Универзитетот во Љубљана. /макфакс/

Скопје:Пет години КИЦ во Софија
Со поетска вечер посветена на авторката  Гордана Михаилова - Бошнакоска, вечерва во просториите на Културно-информативниот центар (КИЦ) на Република Македонија во Софија, ќе бидат одбележани пет години од неговото основање.
КИЦ во Софија е отворен во април 2005 година, по потпишаната спогодба меѓу Владите на Република Македонија и на Република Бугарија за основање културно-информативни центри во Софија и во Скопје. /макфакс/

Скопје:Пречки и предизвици за македонската економија
Европската бизнис асоцијација (ЕБА) и Фондацијата Конрад Аденауер, денеска ќе одржат средба со медиумите на која ќе се претстави темата “Македонската економија - надминување на пречките преку користење на сопствените потенцијали“.
Учесниците на презентацијата ќе ги изложат своите ставови на оваа тема во неколку сесии. /макфакс/

Битола:Рускиот амбасадор во посета на ИМБ Млекара Битола
Можноста за извоз на производите на битолската млекара на пазарот во Русија ќе бидат разгледани денеска за време на посетата на рускиот амбасадор во МАкедонија  Владимир Солоцински на млекарата ИМБ.
Посетата на Солоцински е на покана на менаџментот на ИМБ Млекара Битола а на иницијатива на македонско-руската комора. /макфакс/

Белград:Состанок за решение за претставувањето на Косово
Шефовите на дипломатиите на Србија, Шпанија и на Турција, Вук Јеремич, Мигел Анхел Моратинос и Ахмет Давутоглу, денеска во Белград треба да разговараат за начинот на кој Косово треба да биде претставувано на регионални и меѓународни конференции.
Ова го најавија белградските гласила, додавајќи дека Јеремиќ, Моратинос и Давутоглу, треба да најдат начин на кој во иднина највисоките претставници на Белград и Приштина ќе можат да разговараат директно. /макфакс/

Белград:Подготвителен претрес за екстрадицијата на Ганиќ
Во Лондонскиот суд, денеска ќе биде одржан подготвителен претрес во процесот за екстрадиција на поранешниот член на военото претседателство на Босна и Херцеговина (БиХ), Ејуп Ганиќ
Процесот ќе се одржи поради договорот за динамиката на понатамошната постапка за екстрадиција на Ганиќ, а според Секретаријатот за воени злосторства на БиХ, ќе биде побарано дополнително време за приговор против барањето на Србија за екстрадиција на Ганиќ. /макфакс/

Атина:Грчките контролори на летови го одложија штрајкот
Синдикатот на контролата на летање во Грција го одложи штрајкот најавен за 22. и 23. април за да избегне дополнителен застој на авиосообраќајот, предизвикан од облакот вулканска прашина од Исланд.
„Имајќи ја предвид настанатата ситуација, не сакаме да придонесуваме кон проблемите на патниците“, изјави вчера претседателот на Синдикатот Ангелос Сотиропулос. /макфакс/

Белград:Судење за убиството на Пуканиќ
Почетокот на судењето на Сретен Јоциќ, познат како Јоца Амстердам, е закажано за денеска во Специјалниот суд во Белград.
Јоциќ од Обвинителството за организиран криминал се товари за убиство на косопственикот и новинар во хрватскиот неделник „Национал“ Иво Пуканиќ, како и неговиот соработник Нико Фрањиќ. /макфакс/

Скопје:Изложба “Beasts in the Sistem“
Националната галерија на Македонија, денеска на прес конференција ќе ја претстави изложбата “Beasts in the Sistem“.
Изложбата на авторките Ива Димеска и Лидија Георгиева, ќе се отвори на 22 април во 20.30 часот во Галеријата Мала станица. /макфакс/

Вашингтон:Четири од пет Американци не веруваат во владата на САД
Речиси осум од десет Американци немаат доверба во федералната влада на САД и не веруваат дека таа наскоро ќе ги реши проблемите во земјата, велат резултатите на објавеното истражување.
Само 22 отсто од испитаниците на анкетата спроведена од истражувачкиот центар Пју, велат дека му веруваат на Вашингтон секогаш или во повеќето случаеви, додека 19 отсто од нив навеле дека во суштина се задоволни со работата на владата. /макфакс/

Берн:Погребални урни пронајдени во езеро крај Цирих
Неколку десетици погребални урни со правот на покојници беа откриени случајно во езерото крај Цирих, соопшти полицијата.
Според истиот извор, на дното на езерото биле пронајдени околу 30 урни и предадени на полицијата, која се обидува да утврди како и зошто биле фрлени во езерото. /макфакс/

Париз:Мултитаскинг - да или не?
Истражувањето што го спроведоа група француски научници ја покажало физичката ограниченост на човечкиот мозок истовремено да реализира повеќе задачи.
Научниците, исто така, откриле дека човекот може да извршува две работи одеднаш, но кога треба да изврши и трета истовремено, се се комплицира. /макфакс/

Лос Анџелес:Ким Кардашијан топлес за Харпес Базар
Реалити ѕвездата Ким Карадашијан позираше топлес за најновото издание на магазинот Харперс Базар и со тоа ја промовираше новата кампања која се бори против конфекциските броеви нула.
Со кампањата Кардашијан сака да ги промовира облините на жените но и младите девојки да не се стремат кон изгладнување за да го достигнат конфекцискиот број нула кој е доста популарен во САД. /макфакс/

Милано:Изморената Барселона оди на победа во Милано
Фудбалскиот клуб Барселона по 12 часовното патување со автобус од Барселона до Милано ќе се обиде да дојде до победа во првиот полу- финален натпревар од Лигата на шампионите против тимот на Интер.
Во тимот на Жозе Мурињо настапот на Франческо Толдо и Давиде Сантон е под знак прашање но останатиот дел од тимот е во ред, па така можно е да настапи и Горан Пандев /макфакс/

Скопје :Облачно со повремен дожд
Метеоролозите за денеска предвидуваат да се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен северозападен ветер.         Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 12 до 20 степени Целзиусови.
Во Скопје слично време со температура од пет до 16 степени Целзиусови. /макфакс/b

Скопје:  Интерпелацијата на Маневски пред пратениците
Интерпелацијата за министерот за правда Михајло Маневски денеска ќе се најде пред пратениците во Собранието.
Интерпелацијата ја поднесе Социјал-демократскиот сојуз (СДСМ) на 26 февруари, поради како што наведоа од партијата,  континуирано деградирање и руинирање на судскиот систем. /макфакс/

Скопје: „Илинденска“ затворена за сообраќај поради проширување
Од денеска па се до 1-ви јуни улица „Илинденска“ ќе биде целосно затворена за сообраќај на потегот од крстосницата со ул. „Ленинова“ до потегот со ул. „Рузвелтова“ (Зоолошка градина) и сите други крстосници на овој потег, крстосницата со „Наум Наумовски Борче“ кај фонтаната и влезот во Собранието на Град Скопје.
Сообраќајот ќе биде пренасочен по преостанатата улична мрежа, првенствено по ул. „Орце Николов“ и бул. „Партизански одреди“./макфакс/

Скопје: Погранична соработка меѓу Македонија и Албанија
Министерот за локална самоуправа Муса Џафери и министерката надлежна за процесот на евроинтеграции на Албанија Мајлинда Брегу денеска во Охрид ќе одржат прес конференција, по повод објавувањето на вториот јавен повик за проекти за прекугранична соработка на а Македонија и  Албанија.
Проектите ќе бидат финансирани од ИПА Програмата на Европската Унија, за прекугранична соработка.  На прес конференцијата ќе присуствува и претставник од Делегацијата на Европската Комисија во Република Македонија. /макфакс/

Скопје: Филмот „Катињ“ во МКЦ
По повод обележувањето на седумдесет годишнината од масакрот во Катињ, и неодамнешната трагична несреќа во која животите ги изгубија  Претседателот на Република Полска Лех Качињски и голем дел од полската државна и политичка елита, Амбасадата на Република Полска во соработка со Младинскиот културен центар, организира вонредна филмска проекција на која ќе биде прикажан филмот „Катињ“ во режија на Анджеј Вајда. /макфакс/

Скопје: Денови на акција против дискриминацијата и  милитаризмот
Скопје 19.04.2010 (Макфакс) Денеска и утре  ќе се одржат „Деновите на акција против дискриминацијата и  милитаризмот“ организирани од здружението на граѓани „Мировна акција“ и повеќе партнери во Младинскиот Културен Центар(МКЦ) во Скопје.
Главни цели на активностите се подигање на  јавната свесност за врските кои постојат помеѓу дискриминацијата и милитаризацијата на општеството. /макфакс/

Љубљана: Конференција на министри за регионално просторно планирање
Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи денеска и утре ќе присуствува на Конференција на министри за регионално просторно планирање.
Главна  тема на оваа средба ќе биде Соработка за територијални потенцијали за Западен Балкан. /макфакс/

Виена: Австрија ја укинува воената разузнавачка служба
Австриската војска планира да ја укине својата разузнавачка служба, пишува весникот „Профил“, повикувајќи се на високи офицери.
Воената разузнавачка служба е внатрешна информативна служба, која е надлежна за борба против шпионажата и саботажите во австриската армија. /макфакс/

Мадрид: Видеоконференција на европските министри за транспорт
Хозе Бланко, министерот за транспорт на Шпанија, земјата претседавач со Унијата, денеска ќе одржи вонреден состанок на министрите за транспорт со претставници од 27-те  земји-членки на ЕУ,  преку видео врска, за хаосот во воздушниот транспорт во Европа.
Министерот Хозе Бланко зборуваше со повеќето европски колеги и тие дадоа позитивен одговор на иницијативата спонзорирана од Европската комисија (ЕК)./макфакс/

Скопје: Конвенција за заедничка транзитна постапка
Од техничката помош за размена на информации која е инструмент на Европската комисија (ЕК) во Царинска Управа на Македонија, од денеска ќе биде  организирана тридневна обука на тема „Експертска мисија за примена на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка“.
Обуката ќе се одржува во старата зграда на Царинската управа./ макфакс/

Атина: ММФ денеска во Атина за висината на долгот
Екипа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска ќе допатува во Атина за да ја утврдат висината на евентуалниот заем, кој Грција поради тешката економска состојба во која се наоѓа би требало да и помогне..
Експерти на ММФ веќе две недели се во мисија во Грција и во улога на советници и помагаат на владата во врска со ригорозните мерки за решавање на кризата. /макфакс/

Кардиф: Тригодишно девојче започнува кариера со тетовирање
Тригодишната Рубин од Велс веќе ја започнува својата кариера со тетовирањето, професија која ја наследи од нејзиниот татко.
„Добро црта верувам во неа и не се сомневамдека може да згреши. Целото тело ми е со тетоважи и може да и дозволам на ќерка ми да ми направи  една“, вели таткото Блејн Дикинсон.
Тој додава дека ќе ја пријави за Гинисовата книга на рекорди, засега рекордот го држи петгодишната канаѓанка Емили. /макфакс/

Скопје: Облачно со врнежи од дожд
18.04.2010 (Макфакс) Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд,  прогнозираат метеоролозите .
Во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи, а можна е и изолирана појава на невреме.
Температурите ќе се движат од осум до 18 степен.       
Во Скопје и околината слично време со температура до 16 степени./ухмр

Трибуналот ќе соопшти кога ќе ја објави пресудата за Тарчуловски
Скопје, 16.04.2010 (макфакс) - Хашкиот трибунал денеска треба да го соопшти датумот на кој ќе ја објави пресудата по жалбата на Јохан Тарчуловски за обвиненијата во случајот Љуботен.
Тарчуловски, кој е осуден на 12 години затвор, очекува ослободителна пресуда по жалбата.

Студенти Роми за вчерашните нереди во Шуто Оризари
Скопје, 16.04.2010 (макфакс) - Група студенти Роми, членови на повеќе граѓански организации денеска ќе одржат конференција за новинари по повод вчерашните инциденти и нереди во Шуто Оризари.
Вкупно 17 полицајци беа повредени, а четири полициски возила без оштетени во судирот во пазарџиите во Шуто Оризари, кои фрлале камења и предмети кон полицијата, која примени сила.

Старт на проектот за управување со државно земјоделско земјиште
Скопје, 16.04.2010 (макфакс) - Договор за започнување на Проектот за поддршка во управувањето со државното земјоделско земјиште ќе биде потпишан денеска во Скопје.
Договорот, како што е најавено, ќе го потпишат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и претставничката на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) Фернанда Гуериери.

Одбележување на Светски ден на претприемништво
Скопје, 16.04.2010 (макфакс) - Светскиот ден на претприемништво - 16 април се одбележува денеска во Скопје.
Прославата, како што е најавено ќе се одржи на Машинскиот факултет. На прославата е најавено присуство на министерот за образование и наука Никола Тодоров./крај/со/мп

Министерката за култура во МОБ
Скопје, 16.04.2010 (макфакс) - Министерот за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска ќе оствари посета на Националната установа „Македонската опера и балет“, соопштено е во Скопје.
Како што се наведува во соопштението, во Македонската опера и балет, во изминатиот период се реализираа голем број инвестиции, во насока на подобрување на условите за работа на уметниците.

Тунелот на автопатот Скопје-Велес без струја
Скопје, 16.04.2010 (макфакс) - Тунелот на автопатот Скопје-Велес денеска од 9 до 16 часот ќе биде без електрична енергија, поради  изведување технички зафати на ЕВН Македонија А.Д.
Без напојување со електрична енергија ќе останат потрошувачите од с.Бадар, с.Кожле,  како и останатите стопански и нестопански објекти во овoj реон.

Економски раст во Романија кон крајот на годинава
Букурешт 16.04.2010 (макфакс)  Романската економија ќе доживее раст во втората половина од годината, смета висок функционер на тамошната централната банка Лучијан Кроитор.
„Излез од економска криза не е можен без опоравување на светско ниво бидејќи Романија е дел од глобалниот контекст“, изјави Кроитор на еден економски семинар во Букурешт.

Двојните државјанства им помагаат на криминалците од Балканот
Брисел/Белград 16.04.2010 (Макфакс) Бегалците пред правдата на Балканот, иако се познати во јавноста и на интернетот кружат нивните имиња и фотографии, слободно ги преминуваат границите и избегнуваат апсење благодарение на двојните државјанства.
„Тие се бараат поради воени злосторства, убиства, шверц на цигари, перење на пари и корупција. Но и покрај меѓународните налози за апсење – Бранимир Главаш, Станко Суботиќ, Анте Јелавиќ, Драган Далаверски и Владислав Тамбурковски остануваат на слобода,“ наведува порталот, waz.euobserver.

Средба на претседателите на Србија, Хрватска и на Унгарија
Белград 16.04.10 (Макфакс) - Претседателите на Србија, Хрватска, и на Унгарија Борис Тадиќ, Иво Јосиповиќ и Ласло Шољом денеска треба да се сретнат во унгарскиот град Печуј.
Тројцата државници, како што е најавено, на средбата ќе разговараат за конкретните облици на соработка меѓу државите.

Авионот на Качински направил само еден обид за слетување
Москва 16.04.2010 (Макфакс) - Претседателот на рускиот владин воздухопловен комитет, Татјана Анодина ги демантираше информациите дека авионот на полскиот претседател Лех Качински направил три или четири обиди да слета на аеродромот во близина на Смоленск, објавија руските агенции.
Според неа, истрагата за причините за несреќата интензивно продолжува со целосна соработка со полската држава.

Индија има повеќе мобилни од тоалети
Њу Делхи, 16.04.2010 (макфакс) - Многу повеќе луѓе во Индија имаат пристап до мобилен телефон, отколку до тоалет, покажа студијата на Универзитетот на Обединетите нации (ОН) за нивото на санитарните услови во светот.
Според последните податоци претплата за мобилен телефон во Индија имале 563,73 милиони луѓе, што е речиси половина од населението од 1,2 милијарди.  Од друга страна во 2008 година само 366 милиони луѓе, односно помалку од третина од Индијците имале пристап до соодветни санитарни јазли.

Часовник на Patek Phillipe за 2,5 милиони долари
Вашингтон 16.04.10 (Макфакс) - Уникатен часовник на Patek Phillipe, со вечен календар, ќе се продава на саемот за луксузни часовници во Женева.
Часовникот е познат како “големиот, вечен, календарски Patek Phillipe“ и е достапен за 2,5 милиони американски долари, затоа што е еден од малкуте вакви модели што се останати во светот.

Скопје:Талер за македонската интеграција во ЕУ
Словенечкиот европратеник Зоран Талер попладнево во Скопје ќе одржи предавање посветено на „македонската интеграција во ЕУ и прашањето за името.
Талер е известувач за Македонија во Европскиот Парламент.
Предавањето, што ќе се одржи во Конгресниот центар на Скопскиот Саем, како што е соопштено е отворено за јавност (макфакс)

Скопје:Бамир Топи  на Македонско-Албански бизнис форум
По вчерашната средба меѓу албанскиот претседател Бамир Топи и македонскиот колега  Ѓорге Иванов,Топи денеска, придружуван од бизнис делегација составена од педесет албански стопанственици ќе учествува на Македонско-Албански бизнис форум во Скопје.
По завршувањето на официјалниот дел ќе се одржат билатерални средби  помеѓу македонските  и албанските стопанственици.(макфакс) 

Скопје:Конференција  за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост
Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, денеска во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе ја отвори конференцијата посветена на нацрт верзијата „Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Македонија“.
На конференцијата која е предвидено да почне во 10 часот ќе се обрати претставникот на ОН во Република Македонија, Деидре Боид. (макфакс)

Скопје:Промоција на преведени книги од информатичката технологија
Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, денеска ќе ги промовира 15-те наслови на преведени книги од областа на информатичко-комуникациските технологии
Ова е дел од проектот “Превод на 500 стручни научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“(макфакс)

Скопје:Тркалезна маса за “Професионалните стандарди во односите со јавноста“
Високата школа за новинарство, денеска ќе одржи тркалезна маса на тема “Професионалните стандарди во односите со јавноста“.
На тркалезната маса ќе бидат претставени резултатите од он-лајн истражувањето што на оваа тема го спроведе Високата школа за новинарство и односи со јавноста. (макфакс)

Скопје:Десет години унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје
Х.Е.Р.А, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, денеска ја одбележува десетгодишницата од почетокот на работата  во унапредувањето на сексуалното и репродуктивното здравје во Македонија.
По тој повод Асоцијацијата ќе ја претстави досегашната работа, најголемите достигнувања, тековните предизвици и идните планови. (макфакс)

Скопје:Завршува грејната сезона
Денеска официјално завршува грејната сезона, но системот и понатаму останува под притисок.
И понатаму останува во важност законската обврска на АД “Топлификација“, доколку температурата три дена по ред во 21 часот е под 12 Целзиусови степени, повторно да дистрибуира топлинска енергија. (макфакс)


Белград:Тадиќ, Јосиповиќ и Солом на средба во Печуј
Претседателите на Србија и Хрватска, Борис Тадиќ и Иво Јосиповиќ ќе се сретнат денеска со претседателот на Унгарија Ласло Солом во градот Печуј.Тројцата државници на средбата ќе разговараат за конкретните облици на соработка меѓу државите. (макфакс)

Информациите се превземени од Макфакс.

 
ЗАНИМЛИВОСТИ
Скопје: ВМРО-ДПМНЕ  го прославува 20-от роденден
Маратонската прослава за 20 от роденден на ВМРО-ДПМНЕ стартува денеска , два дена порано од роденденскиот датум, со големиот партиски митинг на една од најфреквентните сообраќајници во Скопје.
Од Т.Ц. Палома Бјанка па се до Собранието на Република Македонија, по целата должина на улицата Велко Влаховиќ, со бина свртена кон плоштадот Пела ќе биде местото на одржувањето на митингот на владејачката партија, информираа денеска од партијата.
Неофицијално беше предвидено прославата да биде на  Филип Втори Арената, а од партијата велат дека улицата Венко Влаховиќ била најдоброто решение за одржување на митингот. /макфакс/

Скопје : Предавање за подобрување на меѓуетничкиот дијалог
На Филозофскиот факултет, денеска ќе се одржи вториот дел од циклусот предавања, што се организирани во рамките на програмата " Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците". Оваа програма е финансирана од шпанската влада преку Фондот за остварување на милениумските развојни цели, а поддржана е од УНЕСКО.
Предавање на тема "Новата Стара чаршија" ќе одржи професорот Гоце Аџимитрески од Архитектонски факултет, како и директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска, која ќе говори на тема "Историјат, цели, задачи и идни планови на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи"./макфакс/

Скопје : Делегација на АРМ на конференција на НАТО во Финска
Делегација на АРМ, предводена од командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал - мајор Зоран Димов, ќе учествува на Конференцијата за стратегиски воени партнери, во Хелсинки, Финска.
Дводневната конференција, што започнува денеска, се одржува во организација на Командата за трансформација на НАТО, а на неа учество ќе земат високи претставници од армиите членки на НАТО, ПзМ, Медитеранскиот дијалог, како и Истанбулската иницијатива за соработка. /макфакс/

 Женева : Бајрами на Меѓународната конференција на трудот
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, од денеска до 17-ти јуни ќе учествува на Меѓународната конференција на трудот во Женева.
Предвидено е министерот Бајрами и Директорот за Европа и  Централна Азија на Меѓународната организација на трудот, Сузан Хофман, ќе потпишат меморандумот за соработка во имплементацијата на Националната програма за пристојна работа помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Меѓународната организација на трудот. /макфакс/ 

Лондон: БП планира да собира 50 000 барели дневно до крај на јуни
 Британската нафтена  компанија "Бритиш Петролеум" (БП) планира до крајот  на јуни да собира  по 50 000 барели (8 милиони литри) нафта  дневно во Мексиканскиот залив како одговор на барањето на администрацијата на американскиот претседател барак  Обама, соопштија американските медиуми.
По добивањето на наредба од администрацијата на САД да се забрза работата, ПБ ги  зголемува напорите за да го ограничи истекот на нафта. /макфакс/

Софија : Бугарија го поедноставува визниот режим за четири држави
Бугарија, за зголемување на бројот на туристите, го поедноставува визниот режим за државјаните на Молдова, Украина, Русија и Белорусија.
Мерката стапува во сила на 15 јуни, јавија агенциите.
Како што се наведува лицата од овие држави кои добиле визи за Бугарија, тие ќе им важат една година, а оние кои што имаат годишна виза, ќе можат да добијат виза за две или за пет години. /макфакс/

Вашингтон : Обама ќе се обрати до народот за нафтената дамка
Во првиот говор директно од Белата куќа, американскиот претседател Барак Обама, денеска ќе се обрати до народот за да ги подготви Американците за, според признанието на неговата администрација, еколошката катастрофа, што по својата тежина и последици може да се спореди со епидемија.
Обама се подготвува за четврта посета на Мексиканскиот залив, за помалку од еден месец. /макфакс/

Лондон : Британски училишта забранија кратки здолништа  и гангстерски јакни
Британските училиште официјално забранија  ученички под 15 години да носат кратки здолништа.
Британската гимназија "Свети Ајденс денеска го објави   новиот училишен дрес код за следната учебна година, која им забранува на девојките под 15 години да носат кратки здолништа, пренесува БГНЕС. /макфакс/

Скопје :Сончево и многу топло, услови за дожд попладне
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Според прогнозите на синоптичарите, попладне ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Температурите во Македонија ќе се движат од 29 до 37 степени. Во Скопје температура до 36 степени Целзиусови.
Индексот на УВ зрачење ќе изнесува девет. /макфакс/

Машкото извинување го продолжува животот на жените
Лондон, 19.04.2010. (Макфакс) – „Извини“ може да биде најтешкиот збор, но научниците тврдат дека овој збор може да биде и најдобриот лек.
Научниците утврдиле дека жените кои добиваат повеќе од едно извинување дневно, живеат подолго и помалку страдаат од стрес и проблеми со срцето. Пулсот на жената се враќа на нормала 20 отсто побрзо при навремено „извинување“, отколку без него.
Научниците го мереле крвниот притисок на 29 мажи и 59 жени. Резултатите покажуваат дека пулсот на нервозна жена се враќа на нормала 20 отсто побрзо ако добие извинување, за разлика од мажите, на кои им треба повеќе време за да се смират.
Експертите утврдиле дека има потенцијална корист за здравјето при прошка и извинување, посебно за жените, кои живеат подолго и помалку страдаат од стрес.

Попај се враќа на големите екрани во 3Д техника
Лос Ангелес 24.03.2010 (Макфакс) - Славниот анимиран лик Попај се враќа на големите екрани во 3Д техника, објави магазинот Вариети (Variety).
Компанијата „Сони Пикчрс“ (Sony Pictures) и нејзиниот оддел за компјутерска графика ќе направат нов долгометражен цртан филм со ликот на славниот морнар и неговата слаба придружничка Олива. Датумот на објавување на филмот сеуште не се соопштува.
„Како еден од најстарите ликови во историјата на цртаниот филм, Попај е икона на анимираниот филм и неизбежно е поврзан со развојот на анимацијата“, изјави претседателот на Сони, Хана Мингхел.
Попај последен пат на големиот екран се појави во 1980 година, кога беше снимена играна верзија на цртаниот филм.

Мајките три пати помалку заработуваат до мажите
Брисел, 08.03.2010(Макфакс) Меѓународната трговска унија (МТУ), на денешниот ден посветен на жените соопшти дека мајките заработуваат три пати помалку од мажите, а воедно се соочуваат со многу пречки во својата кариера.
Според извештајот, жените кои имаат деца во просек заработуваат 68 отсто помалку од мажите или речиси 74 отсто од заработката на мажите.
Според претседателката на Женскиот комитет на унијата , Дајана Холд овој извештај значи повик за мобилизација на сите нивоа.
Работодавците често го кршат законот со тоа што ги плаќаат жените далеку помалку отколку мажите притоа не дозволувајќи им долго да останат на породилно отсуство.
Извештајот покажал и дека жените се оневозможени да работат за време на бременоста или се принудени да направат тест со кој ќе докажат дека не се бремени.
Жените кои работат во руралните или селските средини најчесто се изложени на неправда на нивното работно место.
Овој извештај опфаќа податоци од 40 од вкупно 155 земји колку што членуваат во оваа Унија.

Жените од Словачка му ги вратија розите на премиерот поради сексистички шеги
Братислава 08.03.10 (Макфакс) - Членките на невладините организации за рамноправност на жените од Словачка, му ги вратија розите на премиерот Роберт Фицо.
Цвеќињата што премиерот им ги прати како честитка за Меѓународниот ден на жените, заедно со писмо со 200 потписи, активистките ги вратија на адреса на премиерот.
“Вие сте премиер на држава која што се обврза дека ќе ги исполни задачите од областа на човековите права и родовата рамноправност. Наместо тоа раскажувате сексистички шеги, кои не навредуваат и доведуваат до продлабочување на родовата нерамноправност,“ стои во писмото упатено до Фицо.
Револтот кај организациите доаѓа по настанот од пред неколку дена кога министрите во владата на Фицо раскажувале вицови за лекари и медицински сестри.
Во таа насока, министерот за здравје во владата Ричард Раси себе си се нарекол гинеколог - аматер.
Во Словачка, Меѓународниот Ден на жената, го сметаат за контроверзен празник и го врзуваат со комунизмот.   
 
Беј Д Фиш трето место на листата на МТВ
Скопје 16.02.2010 (Макфакс) Новиот сингл и спот „True Story“ на македонскиот бенд Беј д Фиш (Bei the Fish) кој од минатиот месец почна да се емитува на регионалниот музички канал МТВ, последната недела го достигна третото место, оставајќи ги зад себе големите имиња како Кирил Џајковски, Велики презир и Вроом.
Со ова бендот го докажува својот квалитет кој може да се чуе на нивниот последен студиски запис „Time to Make Things Right” издаден минатата година за ПМГ рекордингс и Круг продукција.
Бендот планира да го пласира и третиот сингл од последниот албум, станува збор за песната „French Cheese“ сместена на бонус албумот „Music About All About“ за кој ќе се снима и видео запис.
А во претстојниот период ќе бидат и концертно активни, тие се дел од големиот втор по ред ПМГ Рекордингс фестивал, кој ќе се одржи на 26. февруари во Скопје.

Презентирани нови фотографии од нападот на кулите близначки
Вашингтон,11.02.2010(Макфакс) Американската телевизија ABC(Еј-Би-Си) презентираше досега необјавени фотографии од рушењето на Светскиот трговски центар(СТЦ) во Њујорк за време на терористичкиот напад од 11 септември 2001 година.
Фотографиите биле направени од полициски хеликоптер кој летал над Менхетен во моментот на нападот и истите се во сопственост на Националниот институт за мерење и технологија кој  ги собирал во корист на истрагата.
На неколку фотографии е прикажан едниот од облакодерите во пламен, а на другите се прикажани облаци од прашина и рушевини кои се издигаат над Менхетен после колапсот на зградите.
Секоја од новите 12 фотографии овозможува единствен поглед од рушењето на зградите од т.н. птичја перспектива.
Напад врз СТЦ го извршија 19 членови на терористичката организација Ал Каеда откако киднапираа два патнички авиони кој се урнаа во кулите-близначки.
При нападот загинаа 2.752 лица, а во преостанатите два напади со авиони во Пентагон и Пенсилванија загинаа околу 220 лица. 

Уапсени крадци на градници
Бангкок 09.02.2010 (Макфакс)-Полицијата во Тајланд уапси петчлена банда која украла повеќе од 30.000 градници, вредни околу 90.000 долари.
Крадците биле уапсени во покраината Самут Пракан во близина на Бангкок, по пријавата за кражба од страна на компанијата „Боди Фешн“.
Бандата крадела градници исклучиво од марката „Триумф“, а се претпоставува дека планирале да ја продадат украдената стока на некој од локалните пазари.

Ванкувер ќе увезува снег за Зимската олимпијада
Ванкувер, 03.02.2010 (Макфакс)-  На само десет дена пред почетокот на Зимската олимпијада во Ванкувер, организаторите соопштија дека се приморани да увезат снег поради многу топлото време.
Камиони полни со снег ќе се транспортираат во местата каде треба да се одржуваат натпреварувањата, а едно од местата каде што ќе се дистрибуира снегот е и Алисон преминот, 150 километри  источно од Ванкувер, каде состојбата е најкритична.
Организаторите за топлото време во Ванкувер го обвинуваат Ел Нињо ефектот кој коси топол ветер од Пацификот.
„Не верувам дека тука има човек кој за момент помислил дека ќе имаме топол јануари, но имавме“ изјави Џон Фурлонг, шеф на комитетот за организација на олимпијадата.
Зимската олимпијада во Ванкувер ќе трае од 12 до 28 февруари а ќе учествуваат преку 5.500 спортисти во 15 различни спорт./крај/ес/сл

Ја побарал за жена преку порака на снег
Снегот што ги покри планините во Брашов, Романија, му дал инспирација на еден човек на невообичаен начин да ја побара за жена својата девојка.
Габриел Алдеа (24) од Романија, на снегот со црвена боја напишал “Ана дали ќе ми бидеш жена?“, а за тоа му требале неколку часови.
Неговата идна сопруга, 21 годишната Ана Цоца, била многу импресионирана.
“Успеав, но беше тешко поради студеното време“, изјавил Габриел, додавајќи дека ја сака својата идна сопруга, поради што ниските температури не биле проблем.

Гранде Пандев го потопи  Милан
Македонскиот интернационалец Горан Пандев со прекрасен гол во 65-та минута од слободен удар и со асистенција на првиот гол која го постигна Диего Милито, беше еден од хероите на вечерта во Дерби дела Мадонина кое Интер го доби со 2:0 против Милан.
Пандев веднаш потоа беше заменет со Тијаго Мота, бидејќи беше јасно дека не може да ги одигра сите 90 минути. Интер го одигра поголемиот дел од натпреварот со 10 фудбалери по исклучувањето на Весли Снајдер во 27-та минута, за саркастично аплаудирање кон судијата,  а при крајот на натпреварот  и до 9 фудбалери кога на Лусио, му беше покажан црвен картон поради играње со рака.
Тренерот на Интер, пак по натпреварот изјави дека неговиот тим, би победил и со 7 играчи на теренот. Во 91-та минута, по играњето со рака на Лусио, на Милан му беше доделен пенал, но Хулио Цезар го прочита Роналдињо, и мрежата на Интер остана недопрена.
Од Милано стигна веста, дека 51-годишен навивач починал на стадионот Џузепе Меаца по претрпениот срцев удар. Засега неидентификуваниот навивач, починал на патот до болница.

Децата на Мајкл Џексон со џепарлак од 60 000 долари месечно
Трите малолетни деца на Мајкл Џексон, Принц Мајкл, Парис, и Принц Мајкл третиот попознат како „ќебе“, ќе имаат месечен  џепарлакот од дури 60 000 долари.
Интернет порталот ТМЗ дошол до документи во кои се вели дека судија во судот во Лос Анџелес дозволил месечниот џепарлак на трите деца да се зголеми до 60 000 долари.
Причината за промената во џепарлакот е инсистирањето на адвокатите и легалниот старател на децата Кетрин Џексон дека тие не ги процениле доволно месечните трошоци на децата, па претходната сума не била доволна и морало таа да биде зголемена.

Најдолгото затемнување на Сонцето во овој милениум
Најдолгото затемнување на Сонцето во третиот милениум во петокот наутро го зафати централниот и источниот дел на Африка,  Индискиот океан и Кина.
Затемнувањето може да се забележи на западниот дел од Централно-африканската Република и југозападниот дел на Чад. Во Кенија ведрото небо им овозможи на номадите Масаи, да проследат како Месечината го прекрива Сонцето.
Сонцето е најблиску до Земјата во месец јануари, а Месечината во моментов е предалеку и е премала за да го покрие Сонцето во целост.
До затемнување на Сонцето доаѓа кога Месечината поминува помеѓу Земјата и Сонцето, и потоа делумно или целосно го покрива Сонцето.
Затемнувањето на крајот ќе можат да го проследат жителите од југоисточна Азија. Тоа ќе трае 3 часа и 45 минути, а ќе покрие 12.900 километри површина, соопштија од НАСА.
Прстенот на затемнувањето над Индискиот океан ќе се задржи 11 минути и 8 секунди.
Вакво долго затемнување ќе повтори по повеќе од илјада години, односно на 23 декември 3.043 година, наведува НАСА на својот веб сајт.
Целосното затемнување на Сонцето е предвидено за 1 јули оваа година и речиси целосно ќе  се случи над Јужниот Пацифик.

Канаѓанец заробен во урнатини преку СМС побарал помош од својата влада
Канаѓанец, заробен под урнатини по разорниот земјотрес на Хаити, пратил СМС порака до канадското министерство за надворешни работи со барање за помош.
„Добивме порака од Канаѓанец затрупан под урнатини и точно знаеме каде се наоѓа тоа лице.“, изјави Лоренс Кенон, шеф на канадската дипломатија.
„Побаравме од функционери во амбасадата да се погрижат за тоа и што побрзо да му помогнат“, додаде Кенон, без да го наведе идентитетот на лицето.
Според проценките, на Хаити во моментов се наоѓаат околу 6.000 канадски државјани.
Меѓународната заедница сè уште врши проценка на последиците од силниот земјотрес. Се стравува дека загинале од 50.000 до 100.000 луѓе.

Боже, благослови ги мобилните телефони
Лондонската црква Св. Лоренс ја одржа традиционалната средновековна церемонија со која ги благослови мобилните телефони, како и компјутерите.
Свештеникот Дејвид Перот ја одржа необичната служба во лондонската црква Св.Лоренс од 17 век и благослови голем број на компјутери  и мобилни телефони кои беа наместени на олтарот.
Додека свештеникот ги благословуваше предметите, околу 80 луѓе кои присуствувале на молитвата ги кренале своите мобилни телефони со цел благословот да допре до нив.
"Сакам да ја оживеам старата заборавена традиција, кога свештениците на првиот понеделник од Божиќ го благословуваа земјоделскиот алат. Сакав да ја одржам оваа служба со цел да се прилагодам на оваа време. Се помолив за луѓето кои користат и ја произведуваат новата технологија ", изјави свештеникот Перот.

Астероид ќе прелета покрај Земјата-нема опасност од удар
Неидентификуван летечки објект денеска околу 14 часот попладне ќе прелета покрај планетата Земја, но не постои опасност да ја погоди.
Ова известување во среда го дадоа научниците кои не можат да утврдат точно за каков предмет станува збор.
Астрономите веруваат дека би можело да станува збор за вселенски отпад или мал астероид кој не би предизвикал штета во случај да се судри со Земјата бидејќи е широк меѓу 10 и 17 метри.
И од американската вселенска агенција НАСА потврдија дека објектот во среда ќе прелета на околу 130.000 километри од Земјата во 13.47 часот во средноевропско време.
Одтаму соопштуваат дека астероидот е доволно сјаен така што во некои држави од западот на САД би можел да се види и со голо око. 

Направила свадба со украдени пари
Англичанката Џоан Кент (26) украла 470 илјади фунти за да може да ја плати својата “свадба од соништата“, но наместо на меден месец завршила во затвор, каде ќе помине две години.
Невестата изнајмила цел хотел, а на избрани гости им купила нараквици од Армани. Само за изнајмените возила, таа потрошила повеќе од 40 илјади фунти.
Џоан парите ги украла од нафтената компанија Вилсон, каде била вработена, два месеци пред свадбата.
Таа парите ги префрлила на своја сметка, а тоа го покрила со лажни исплати на разни компании.
Измамата е откриена само затоа што во една фактура напишала погрешна валута - на американска компанија наводно и исплатила фунти, наместо долари.
Стручњаците велат дека можеби никогаш не би ја откриле доколку не направила толку банална грешка.

Таксист вратил 21.000 долари на една клиентка
Таксист од Њујорк на една своја клиентка и ги вратил парите што ги заборавила во неговиот автомобил.
Италијанката Фелиција Летери ја заборавила својата чанта во такси возилото додека патувала кон  Менхетан.
Во нејзината чанта имало 21.000 долари што биле наменети како подарок за нејзините роднини за Божиќ.
Полицијата ја предупредила  Летери да не се надева премногу,  бидејќи парите тешко ќе можат да ги пронајдат.
Меѓутоа, таксистот ја пронашол чантата и нејзината адресата и веднаш се упатил кон местото, но бидејќи не пронашол никого дома, тој го оставил својот телефонски број за контакт  и подоцна  ги вратил парите.
Дваесет и осум годишниот такси возач од Бангладеш не ја прифатил понудената  награда што пресреќната италијанка сакала да му ја даде како знак на благодарност.

Флуоресцентна куќа
Пензионирана брачна двојка од францускиот град Алуен, одлучиле да ја офарбаат својата куќа во јако зелена боја. Но, кога работата била завршена, тие сфатиле дека станува збор за флуоресцентна боја.
Тоа, сепак, не им пречело на пензионерите, кои сметале дека нијансата делува младешки.
Меѓутоа, во општинската управа не мислеле така, бидејќи според локалниот закон сите граѓани се должни да ја ускладат бојата на фасадата на својата куќа со куќите во околината.
Брачната двојка поднеле барање во општинската управа да се легализира бојата, но одговорот бил негативен, бидејќи нивната куќа се наоѓала во близина на заштитен споменик на културата, а со флуоресцентната боја бил нарушен складот.
На интервенција на градоначалникот двојката нема да плати казна, но ќе мораат да ја офарбаат куќата со поприфатлива боја.

Информациите се превземени од Макфакс.
 


Програма среда 30.06.2010

06:00 Кажи и направи нешто добро за Македонија р.
06:30 Малите големи приказни
06:45 Цртани филмови 1 kat.
07:30 Волшебното тркало, 18 епизода 1 kat.
08:00 Најголемите градби: Црно злато, 19 е.
09:00 Јади бурек, р
11:00 Третиот камен од Сонцето, 15 епизода 2 kat.
11:30 Концерт - Talking Heads
13:00 Пат во подземјето, британски игран филм, р 4 kat.
15:00 Досие Скопје, 1 еп.
15:45 Волшебното тркало, 18 епизода 1 kat.
16:15 Малите големи приказни
16:30 Кажи и направи нешто добро за Македонија
16:40 Вагон Ориент Експрес
17:10 Третиот камен од Сонцето, 16 епизода-хумористична серија 2 kat.
18:00 Емисија – Општина Карпош 18 еп.
18:25 Кажаа за бизнисот, еп. 98
18:30 Профит Македонија Експорт
18:50 Кажаа за бизнисот, еп. 99
18:55 Кажи и направи нешто добро за Македонија
19:00 Ѕвездени патеки Војаџер С3Е25 премиера 2 kat.
20:00 Вагон Ориент Експрес
20:30 Убиецот од ресторанот, американски игран филм, премиера 4 kat.
22:30 Јади бурек во живо
00:30 Третиот камен од Сонцето, 16 епизода-хумористична серија 2 kat.
01:00 Ѕвездени патеки Војаџер С3Е25 р 2 kat.
02:00 Убиецот од ресторанот, американски игран филм, р 4 kat.
04:00 Третиот камен од Сонцето, 16 епизода 2 kat.
04:30 Вагон Ориент Експрес
05:00 Малите големи приказни





Секој работен ден од 17:00ч.
само на НАША ТВ
 live streaming
 a
 nazulu