Sport Highlights
 

Oпшти новости за спорт

Наша ТВ продолжува со серијалот посветен на Македонските спортски легенди. Секоја втора сабота доаенот на македонското спортско новинарство Зоран Михајлов, Ве потсетува на спортистите, кои со своите резултати изборија место во галеријата на  легендарни спортски личности.
Во серијалот посветен на македонските спортски легенди во емисијата в сабота ќе Ви ја претставиме најсестраната македонска спортистка во годините по Втората светска војна.Имено,ќе стане збор за Љубица Алексиева,која целиот свој живот му го посвети на спортот.Откако заврши со активното играње ракомет,кошарка,потоа атлетика,гимнастика,скијање...како наставник по физичко воспитување - таа во спортот насочи една плејада млади момчиња и девојки,кои подоцна станаа звезди на македонскиот спорт.Еден од нив беше и кошаркарот Благоја Георгиевски-Буштур.

 

 live streaming
 a
 nazulu